Гоце Арнаудов - Што ќе остане од Македонија

Светот крај нас ни спрема,
ама нас да не снема,
знајте господа, нема никогаш!

Дури ѕвезди се палат,
храбри синој се раѓат,
ти ќе постоиш, Македонијо!

Ако уште ми те делат,
ако уште ми те грабат,
што ќе остане?
Дали клетва била јака,
та е вечна таа мака,
земјо кажи ми!

Ако уште ми те делат,
ако уште ми те грабат,
што ќе остане?
Ако мирот не се врати,
некој мора се да плати,
Македонијо.

Душман Егеј го зема,
и во Пирин не нема,
веќе никаде од огништата.

Боже мора ли вака,
знаеш земја се сака,
исто како и чедото!

Ако уште ми те делат,
ако уште ми те грабат,
што ќе остане?
Дали клетва била јака,
та е вечна таа мака,
земјо кажи ми!

Ако уште ми те делат,
ако уште ми те грабат,
што ќе остане?
Ако мирот не се врати,
некој мора се да плати,
Македонијо!

Гледам ѕверој што вијат,
стари камбани бијат,
не те даваме, Македонијо!

Дури ѕвезди се палат,
храбри синој се раѓат,
ти ќе постоиш, Македонијо!

МАКЕДОНИЈА!

Recently Listened by

0 comments
    No comments found

:: / ::
::
/ ::

Queue