ЛАГО МОЈА
Во песни тебе те барам,
Со ветрот тебе те викам,
Душата е како гитара,
Туѓа си најубава слика...

Во сонот усни ти крадам,
Чекорам по трагите твои,
А денот ме убива пак,
Бегам во мислите мои...

РЕФРЕН:
Јас знам
За кого се будиш,
Горам до фитилот твој...
Жарче од цигара стара
Наоѓам до клупата наша...

Празна чаша
Во собата чека,
Плаче за твоите усни...
Бевме ли најубав пар?
Прашај ги моите песни,
Лаго моја !

Се плашам да ти се јавам,
А можеби тоа го чекаш,
Се лажам ќе поминеш ти,
А траеш ко бескрајна река !

Recently Listened by

0 comments
    No comments found

:: / ::
::
/ ::

Queue