Гоце Арнаудов - Повардарие, ти си како здравје

За се што сакаме, за се што љубиме,
за илјада години чаши да кренеме.
Отсекогаш овде песна царува,
здрав да пее, болен рани да лекува.
Отсекогаш овде песна царува,
само душман среќа овде не најдува.

Повардарие ти си како здравје,
секој мерак свој во тебе најде.
Ти си радост, ко во сонот бајка,
наша гордост и татко и мајка. x2

Еј денови убави и ноќите ѕвездени,
а зора со песна се дочекува.
Отсекогаш овде Вардар мирува,
живот убав, спомен тече, останува.
Отсекогаш овде Вардар мирува,
живот убав, спомен тече, останува.

Повардарие ти си како здравје,
секој мерак свој во тебе најде.
Ти си радост, ко во сонот бајка,
наша гордост и татко и мајка. x2

Наша гордост и татко и мајка.

Recently Listened by

0 comments
    No comments found

:: / ::
::
/ ::

Queue