Гоце Арнаудов - Струмички студенти

Сношти ме, мајко, замрачи,
по Беласица планина.
Крај мало село, Орманли,
само ѕвезди беа сведоци.

Таму си, мајко, здогледав,
ѕверови, клети ѕверови.
Пет души робје тераа,
се со раце назад врзани.

Ги видов, мајко, ги познав,
младите деца, струмички.
Цутови беа - ги откинаа,
по ноќта црна ги погубија.

Ги видов, мајко, ги препознав,
младите деца, струмички.
Иднина наша тие сонија,
до гроба за Македонија.

Беласицо, крикни и заплачи,
за петте твои синови.
Пецев, Белев, Јарамов,
Топчев и Костуранов.
Нивната крв младешка
ги натопи твоите дрвја столетни.
Македонија на својот пат кон вечноста
мора секогаш да ги спомнува
петте струмички студенти во
илјада деветсто педесет и првата
стрелани.

Пророни солзи каменот,
крикна птица во гората.
Пет души казна чекаа,
сите верни на Македонија.
Пукнаа пушки, пиштоли.
Грмнаа стари камбани.
Паднаа млади јунаци,
Боже, да не се повтори.

Ги видов, мајко, ги познав,
младите деца, струмички.
Цутови беа - ги откинаа,
по ноќта црна ги погубија.

Ги видов, мајко, ги препознав,
младите деца, струмички.
Иднина наша тие сонија,
до гроба за Македонија.

0 comments
    No comments found

:: / ::
::
/ ::

Queue