Се приближувам кон тебе
Како искрена љубовна порака,
Во шише од стакло која плови низ морето.
Полно со ѕвездена прашина
Трпеливо бран по бран со задлабочен поглед

Реф:
Сум на чекор од брегот
На твоето тело
Не го враќај тоа шише,
Во вода без да знаеш!
Каква порака крие, далеку сме ние!
Само вистина не дели, на ништо друго не се надевам!

Проѕирни се чуствата
Длабоко скриени
Темни мисли отстрани за миг, од себе!
Бранови и стаклен сјај
Натаму погледни, и чекај ме до крај !!!

Реф:
Сум на чекор од брегот
На твоето тело
Не го враќај тоа шише,
Во вода без да знаеш!
Каква порака крие, далеку сме ние!
Само вистина не дели, на ништо друго не се надевам!

Recently Listened by

0 comments
    No comments found

:: / ::
::
/ ::

Queue