Гоце Арнаудов - Ристоман војвода Попчевски

Илјада деветстотини
и четврто лето,
Ристоман, војвода,
сруши мост да чуе светот.
Ама динамитот проклет,
пукна малку доцна.
Место султан тој во Вардар
урна два вагона.

Душман срипа, в канџи падна,
Ристоман Попчевски.
Кажи ѓаур, кој те прати,
праша Ирбин паша.

Сам се решив, сам се решив,
смртта не ме плаши.
Господ мора да ги слушне
сите клетви наши.
Ова ропство не се трпи,
жими оваа вера,
нека знае младо старо,
жртва сум за народ.

Сам се решив, сам се решив,
смртта не ме плаши.
Господ мора да ги слушне
сите клетви наши.
Со векови овој народ,
доста маки виде.
Оваа земја, македонска,
била и ќе биде!

Пресуда во Солун падна,
сурова и строга.
Бесилка да биде него,
тежок пат до Бога.
Браќа мои, поздрав праќам,
татко нека дојде.
Да го гушнам, да му кажам,
крајот ќе им дојде.

Јас ќе умрам како дете,
искрено и чисто.
Бесилка е моја судба,
распнат како Христос.

Сам се решив, сам се решив,
смртта не ме плаши.
Господ мора да ги слушне
сите клетви наши.
Ова ропство не се трпи,
жими оваа вера,
нека знае младо старо,
жртва сум за народ.

Сам се решив, сам се решив,
смртта не ме плаши.
Господ мора да ги слушне
сите клетви наши.
Со векови овој народ,
доста маки виде.
Оваа земја, македонска,
била и ќе биде!

Recently Listened by

0 comments
    No comments found

:: / ::
::
/ ::

Queue