Потекнува и живее во Подареш. Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш.
Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип.
Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.
Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти".
Таму ги поминал наредните четири години каде што имал прилика да учи, соработува и собира искуства од голем број познати професори и музичари. Еден од најзначајните меѓу нив бил Драган Даутовски, од којшто Митев собрал големо искуство.
Уште како ученик и студент има патувано во голем број земји надвор од Македонија како на пр: Словачка, Франција, Турција, Бугарија, Србија, Швајцарија, Германија, Холандија, Шведска итн, каде што настапувал на голем број фестивали за етно музика и одржувал семинари за македонскиот фолклор.
Како автор досега има напишано доста голем број композиции коишто некои од нив се наградувани во Македонија.
Патот до славата си го пробива сам, без ничија помош, и сега е еден од најбараните, но и најплатените фолк пејачи кај нашата дијаспора. Направи јубилеен концерт по повод десет години на естрадата, а парите од настанот им ги донираше на семејствата на загинатите бранители во конфликтот во Куманово.
За таа цел сервисот РадиоМК.инфо го задржува правото да ги блокира песните за превземање на од сите албуми од Јордан Митев објавени на сервисот РадиоМк.Инфо кој овозможува вашата омилена музика да биде достапна на сите уреди, смартфон, таблет или лаптоп. Од сега слушајте ги сите ваши омилени песни и преку Андроид уредите во вашиот автомобил каде и да сте.
Доколку сакате песните на Јордан Митев да ги слушате и без интернет ќе може да го сторите тоа контактирајќи преку Фејсбук линкот на официјалната страна на Јордан Митев или контакт формата на РадиоМк.Инфо.
::
/
::
::
/
::
Antre
Gabung
Dapatkan akses ke musik, daftar putar, dan akun Anda