Затоа што сме меѓу првите приватни интернет радио станици во земјата со преку 25 години непрекинато постоење.
Голем временски период во кој стекнавме многу искуства, се изборивме со многу предизвици, го рафиниравме звукот до најдобриот можен баланс кој би го заситил секое слушателско уво.
Македонската народна песна е многу значајна за нас, за зачувување на Македонскиот идентитет и македонското постоење. Со народните песни на нашите пејачи на македонски народни песни е прикажана историјата на нашите претци, сегашноста на нашата татковина и среќата, љубовта и радоста на поедини личности.
Затоа на програмата на радио Kiss FM секогаш ќе ја слушате нашата македонска народна песна како главен водител, но никогаш нема да ја заборавиме и публиката која сака и други музички жанрови.