Гоце Арнаудов - Црква македонска

Толку векови опстојувала,
толку судбини таа чувала.
Сите светци, сите икони,
сите слави, празници,
од завек биле оставани,
за наши идни генерации.

Еве ти Боже свеќи и темјан,
ова мало парче земја да го чуваш ти.
Еве ти Боже свеќи и темјан,
ова мало парче земја да го вардиш ти.

Еј црква наша, македонска,
вековна, христијанска.
Господ сила нас ни праќа,
нашта вера, сестри, браќа,
вечно да ни постои.

Маките наши, христови,
траеле многу векови.
Еј браќа, сестри, христијани
бидете благословени.
Кај и да сте браќа, македонци,
бидете благословени.

Мудри зборови, кријат молитви,
како срцето, бијат камбани
Сите свадби, сите крштевки,
сите желби, причести,
во божји книги се запишани,
за наши идни генерации.

Еве ти Боже свеќи и темјан,
ова мало парче земја да го чуваш ти.
Еј црква наша, македонска,
вековна, христијанска.
Господ сила нас ни праќа,
нашта вера, сестри, браќа,
вечно да ни постои.

Маките наши, христови,
траеле многу векови.
Еј браќа, сестри, христијани
бидете благословени.
Кај и да сте браќа, македонци,
бидете благословени.

Recently Listened by

0 comments
    No comments found

:: / ::
::
/ ::

Queue