Гоце Арнаудов - За кого ти цути Дано лицето

За кого ти цути, Дано, лицето,
за кого ти шарат, Дано, очите?
За кого ја чуваш, Дано, снагата
таа рамна снага, Дано, мермерна.
За кого ја чуваш, Дано, снагата
таа рамна снага, Дано, мермерна.

Галено, галено Дано кој ќе ја,
твојта руса коса, Дано, милува?
Срмено елече, Дано, раскопча,
тие медни усни, Дано, целува.
Срмено елече, Дано, раскопча,
тие медни усни, Дано, целува.

Не лудувај, лудо младо, по мене,
не губи си луди млади години.
Синоќа ме стара мајка армаса,
за едно старо аро, богато.
Синоќа ме стара мајка армаса,
за едно старо аро, богато.

최근에 들은 사람

0 코멘트
    댓글이 없습니다

:: / ::
::
/ ::

대기줄