Гоце Арнаудов - Господ знае за гревовите

Господ знае за гревовите,
ќе им плати на душманите.
Што од сонце сила зедоја,
и од него зраци засијаа.
Ама сепак, тие не можат,
вистината да ја замрачат, никогаш!

Ама сите бројот им го знаеме,
и од срце не го бришеме.
Еј сонце ти ветуваме,
за навек ќе те чуваме.
Овој народ не заборава
јунак со крв што запиша.
Велат клетва тешка народна,
и од куршум била посилна.

Вода силна, не се сопира,
ниту Егеј се заборава.
Дури има ѕвезди небото,
ќе ми грее душа сонцето.
Тоа може се да покаже,
вистината да ја докаже, секаде.

Ама сите бројот им го знаеме,
и од срце не го бришеме.
Еј сонце ти ветуваме,
за навек ќе те чуваме.
Овој народ не заборава
јунак со крв што запиша.
Велат клетва тешка народна,
и од куршум била посилна.
Еј сонце ти ветуваме,
за навек ќе те чуваме.

Recientemente escuchado por

0 comentarios
    No se encontraron comentarios

:: / ::
::
/ ::

Cola