Кој сме ние
Нашата веб-страница е онлајн каталог на радио станици од целиот свет. На едно место се собрани национални, регионални, локални и интернет радио станици од различни континенти и градови од целиот свет.
Проектот го води тим од МРЕЖА ДИЗАЈН од Скопје со повеќе од дваесет и осум години искуство во областа на креирање на WEB страни со различни содржини, онлајн радија, Audio i Video stream, AI - Технологија, развиваме мобилни апликации за Android и iPhone. Веб развој и дизајн Славчо Ципушев и Александар Ристовски.
Нашата база
Имаме 9116 радија од 7 континенти и 189 земји со комплет информации за секоја станица, вклучувајќи лого, град, жанр, јазик на емитување. Кога некој стрим ќе престане да работи, ја проверуваме станицата и се обидуваме да најдеме нов активен извор.
Станиците може да се прегледуваат според континенти, држава, град; слушателите може да влијаат врз нивната позиција во каталогот. Автоматски сите радија имаат рејтинг и место на позиција од нашиот каталог по слушаност кој се обработуваат од нашите системи.
Одговорност
Radiostanici.MK не е радио станица или радиодифузер и не управуваме со музиката, програмите, рекламите или распоредот на одделните станици. Веб-страницата овозможува пристап до јавно достапни стримови и информации собрани за радио станиците.
Соработуваме со сопственици и претставници на радио станици. Преку соодветниот дел на веб-страницата може да се предложи нова станица, да се исправат постојните информации или да се ажурира линкот до стримот.