Гоце Арнаудов - Мора еднаш да не биде

Со години, доста молчеше,
земјо ранета, многу трпеше.
Сто пати веќе, те поделија,
ама крви не наситија.

Со силен гнев, сега велиме,
нема Вардарот, да го делите.
И место вода, крв ќе потече,
тогаш светот нека порече.

Мајко стара, дојде време,
твојте силни чеда збери ги.
Вака веќе тешко иде,
мора еднаш, да не биде.
Мора еднаш, да не биде.
Вака веќе тешко иде,
мора еднаш, да не биде.
Мора еднаш, да не биде.

Еј господе, право кажи ми,
кај постојат такви неправди.
Орли да колвааат по дворот твој,
ама светот слеп да остане.

Темни облаци ќе растераме,
и сонцето ќе го вратиме.
А вас црни орли ќе ве сотреме,
ова е знајте Македонија.

Мајко стара, дојде време,
твојте силни чеда збери ги.
Вака веќе тешко иде,
мора еднаш, да не биде.
Мора еднаш, да не биде.
Вака веќе тешко иде,
мора еднаш, да не биде.
Мора еднаш, да не биде.

Recently Listened by

0 comments
    No comments found

:: / ::
::
/ ::

Queue